ЗА Нас

“Нашата цел е да создадеме добро расположение, дружба и место за изразување на своите танцови таленти, место за хоби, рекреација и обликување на телото преку различни вежбачки дисциплини.”
Танцов Фитнес Клуб Сонриса постои од 2012та година. Фокусирани сме на фитнес и на социјални латино танци за возрасни. Секоја година обучуваме стотици нови членови кои се нашата гордост.
Организираме најразлични настани,
забави, часови, работилници и многу други активности.
Нашата мисија е да внесеме позитивна енергија во животот на нашите членови преку
танц или вежбање.
Од танци кај нас можете да научите Кубанска Салса,
Бачата, Кизомба и Регетон.
Од вежбање можете да посетувате часови за Зумба, Зумба Степ и Full Body Workout.
Нудиме и Персонални Тренинзи и
Припрема за Прв Свадбен Танц.
Организираме социјални забави каде што влезот најчесто е бесплатен.
Често организираме најразлични настани како
фит денови, зумба денови, работилници, фестивали, фестивалски патувања, фит викенди и танц викенди во Грција!
Сонриса Локации
Аеродром
Дебар Маало
Курсеви за Танц
Кубанска Салса
Бачата
Регетон
Кизомба
Курсеви за Вежбање
Зумба
Зумба Степ
Full Body Workout
Останати активности
Персонални Тренинзи
Приватни Часови
Прв Свадбен Танц
Нашите Инструктори

Сања Матеева Мишева
Инструктор по Танци
Сања танцува уште од најрана возраст. Од 6 до 9 години посетувала часови по стандардни и латино танци, а од 12 до 14 години се вљубува во динамичниот свет на хип-хопот.
На 15 години започнува со Зумба часови, но нејзината вистинска љубов кон латино танците се буди на 16 години, кога почнува да ги изучува салсата, бачата, регетонот и кизомбата.
Your Title Goes Here
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Прочитај Повеќе
Во 2017 година станува инструкторка во Танцов Клуб Сонриса, каде што држи часови по овие танци и го надградува своето знаење на меѓународни семинари со врвни инструктори. Регетонот отсекогаш ѝ бил омилен – соло танц кој се изведува на песни од артисти како Daddy Yankee, J Balvin и Maluma.
Води успешни групи, настапува со балкански ѕвезди, снима видеа и освојува бројни награди. Во периодот на пандемијата и за време на бременоста, се фокусира на менаџирање на клубот и помали групи по Регетон, Зумба и Зумба Степ.
По раѓањето на своето дете, се соочува со предизвикот да ги балансира сите обврски, па на крајот на 2023 година одлучува целосно да се повлече од танцот. Но, танцот секогаш бил дел од неа. По само шест месеци, сфаќа колку ѝ недостига и почнува повторно да танцува сама, да создава кореографии и да ужива во движењата.
Денес, со нова енергија, Сања организира месечни регетон работилници во Сонриса – два часа полни со енергија, забава и нови кореографии.
Работилниците се наменети за лица со претходно танчерско искуство, а од март планира да започне со редовни часови двапати неделно во Дебар Маало, каде што почетниците ќе можат да ги научат основните изолации и чекори. За Сања, танцот не е само движење – тоа е емоција, страст и начин на живот.
Таа со радост ја споделува оваа љубов со сите што сакаат да откријат колку магичен може да биде светот на танцот.

Марија Лукаревска
Инструктор по Танци
Марија ги прави своите први танцови чекори на 5 години со часови по балет, каде што ги совладува основите на држење и движење.
На 8 години преминува на стандардни и латино танци, а на 12 се вљубува во хип-хопот, настапувајќи на телевизиски емисии и фестивали.
Your Title Goes Here
Your content goes here. Edit or remove this text inline or in the module Content settings. You can also style every aspect of this content in the module Design settings and even apply custom CSS to this text in the module Advanced settings.
Прочитај Повеќе
Во средно училиште се посветува на театарската уметност, каде што ја открива својата страст за кореографијата, создавајќи успешни претстави на аматерски фестивали.
Од 2014 година е дел од танцовото училиште Сонриса, каде што ја освојуваат регетон, салса кубана и бачата. Во 2017 година започнува како инструкторка по зумба степ, а подоцна и по регетон, бачата и свадбен танц.
Активна е во организацијата на фестивалот Hola Ohrid и редовно посетува меѓународни танцови настани за усовршување на своите вештини. Марија е енергична, креативна и посветена инструкторка, која верува дека секој може да танцува со љубов кон музиката, упорност и редовна пракса.
Евенти
зАбави
Фестивали
Дневни Настани